СКОПЈЕ (АА) - Вечерва во Скопје беше организирана активноста „Културна вечер на Турците од Балканот, јавува Anadolu Agency (AA).
Во активноста којашто беше организирана во соработка со општината Чанкаја од Анкара и општина Центар од Скопје заедно со Институтот Јунус Емре од Скопје, присуствуваа советникот од турската амбасада во Скопје, Синан Етај, претставници од Владата на Турција и Македонија, претставници на граѓанското општество и многу други граѓани.
Градоначалникот на општина Чанкаја, Алпер Тасделен, во својата изјава за новинарот на АА, наведувајќи дека односите меѓу Турција и Македонија имаат долга историја рече дека овие одлични односи треба да продолжат и во иднина.
Тасделен истакна дека денешната посета ја имаше токму оваа цел, „Ова место е местото каде што растел Мустафа Кемал Ататурк и во ова смисла имаме голема блискост со Македонија“, додаде тој.
Истакнувајќи дека општина Чанкаја и општина Центар имаат одлични односи, Тасделен рече дека, „Треба да ги унапредуваме нашите пријателски односи и да соработуваме во различни области, со цел да се развијат и двете држави“.
Од друга страна, градоначалникот на општина Центар, Андреј Жерновски, рече дека оваа посета на турската делегација е индикадор на посебниот третман што го има Турција кон Македонија, „Гостите од Турција не ги гледаме како гости, туку, поради одличните односи на двете држави ги гледаме како пријатели“, рече тој.
Општина Центар и општина Чанкаја имаат многу заеднички точки истакна Жерновски, додавајќи дека, „И двете општини го имат атрибутот да бидат централни општини во своите главни градови“.
Во меѓувреме, заменик директорот на Институтот „Јунус Емре„ во Скопје, Фуат Коркмаз, во својата изјава рече дека денешната манифестација е првиот столб на социјалните, културните и уметничките активности којшто ќе се реализираат во рамките на соработката меѓу општина Чанкаја и општина Центар.
Тој истакна дека ваквите видови на активности ќе продолжат и во иднина.
„Ние како 'Јунус Емре' ќе продолжиме да бидеме дел од ваквите видови на културни активности“.
Во програмата којашто започна со интонација на македонската и турската химна, потоа следеше настапот на Друштвото за народни турски танци „Хој-Турк“ од општина Чанкаја, продолжи со интерпретации на Шакир Илјасоглу и Муамер Кетенџеоглу, а беше изведен и концертот „Патување низ Балканот“.
Во меѓувреме делегацијата предводена од градоначалникот на општина Чанкаја денеска го посети градоначалникот на општина Центар, Андреј Жерновски, а по средбата беше организирана заедничка пресконференција. Во својата изјава за медиумите Тасделен посочи дека по повод 8 септември, 25- годишнината од независноста на Република Македонија, во општина Чанкаја, во Анкара, ќе се отвори „Парк на турско-македонското пријателство“.
news_share_descriptionsubscription_contact
