Dzihat Aliju
09 март 2016•Ажурирај: 12 март 2016
СКОПЈЕ (АА) - Во Скопје вечерва се одржа концертот насловен “Виорот на турската музика на Балканот” во организација на Турскиот културен центар “Јнус Емре” - Скопје, Универзитетот Газиантеп и Агенцијата за развој “Ипекјолу” во Дом на АРМ, јавува Anadolu Agency (AA).
Целта на вечерашниот културен настан исполнет со богата музичка содржина е промоција на турската музика. На настанот присуствуваше вториот секретар на Турската амбасада во Скопје, Jусуф Зиja Кенар, како и претставниците на турските институции и компании во земјата и голем број љубители на уметноста.
Директорот на Државниот Конзерваториум на Универзитетот Газиантеп Др. Хакан Татјуз истакна дека подготвувале еден вид на колаж за Балканците, прикажувајќи дел од турската култура, игри и народни песни од илјада години. Татјуз упати благодарност на публиката за присуството големиот интерес за вечерашниот настан.
Од друга страна генералниот секретар на Универзитетот Газиантеп, Ерџан Ероглу, кажувајќи дека универзитетот е еден од најразвиените во Турција, рече дека во соработка со ТКЦ "Јунус Емре" во Скопје на граѓаните на Македонија сакаат да им ја претстават турската култура, турската народна песна и народните игри.
“На покана на институтот “Јунус Емре” имавме желба да ја прикажеме турската култура, турската народна песна и игри во Скопје преку нашиот конзерваториум на граѓаните на Македонија и во другите градови на регионот, со кои сме пријатели и браќа", истакна Ероглу.
Директорот на ТКЦ “Јнус Емре” во Скопје, Доц.Др. Мехмет Самсакчи, го изрази своето задоволство за организирање на вечерашниот концерт.
Самсакчи упати благодарност до ректоратот на Универзитетот Газиантеп за организирање на вечерашната програма, а исто така, тој им се заблагодари и на сите граѓани на Македонија за нивното учество и придонес во програмата.
Концертот “Виорот на турската музика на Балканот”, претходно се одржа во Сараево, а на 10 март ќе се одржи и во Призрен.