Ayhan Mehmet
12 Мај 2023•Ажурирано: 15 Мај 2023
ЃУМУРЏИНА (АА) - Хамза-беговата џамија, која е една од најстарите џамии од османлискиот период во Грција, ќе биде реставрирана, соопштија локалните медиуми, пренесува Анадолу.
Реставрацијата на оваа џамија, која се наоѓа во грчкиот град Солун, ќе биде завршена до 2025 година, а ќе чини над 10,5 милиони евра, соопшти јавниот сервис „ЕРТ“ цитирајќи ја министерката за култура Лина Мендони.
Тоа е дел од пошироката програма за реставрација и промоција на монументалните објекти во Солун од сите историски периоди.
Хамза-беговата џамија е најстар објект на исламската религија во Солун и се наоѓа на раскрсницата на улиците Игнатија и Венизелу.
Џамијата е изградена во 1467-1468 година од страна на ќерката на османлискиот воен командант, Хамза-бег.
Оваа џамија е заштитена со закон од 1926 година како историски и археолошки монумент.