Ekip
07 Септември 2017•Ажурирај: 07 Септември 2017
МАДРИД (АА) - Резултатите од ДНК-анализата докажаа дека познатиот шпански уметник Салвадор Дали не е татко на Марија Пилар Авел Мартинез, се вели во денешното соопштение од фондацијата Гала-Салвадор Дали, јавува Anadolu Agency (AA).
По спроведувањето на ДНК-тестови на телото на Дали, кој во јули беше ексхумиран од неговото почивалиште во музејот „Салвадор Дали“, фондацијата соопшти дека научниците дошле до заклучокот оти уметникот не е татко на Абел Мартинез, Шпанка која тврди дека нејзината мајка имала тајна врска со Дали во 1955 година.
Во соопштението, фондацијата истакна дека е задоволна што оваа пресуда става крај на апсурдната и лажна контроверзност.
Шпанскиот суд во јуни нареди да се ексхумира телото на Дали и да се направи ДНК-анализа, по сослушувањето на доказите презентирани од страна на Абел Мартинез, кој осум години работела во локална телевизиска мрежа, каде што читала тарот карти, а се борела за овој случај од 2007 година.
Во соопштението, фондацијата го изрази своето незадоволство поради ексхумирањето.
„Овој заклучок не е изненадувачки за Фондацијата, бидејќи во ниеден момент немало докази за веродостојноста на наводното татковство“, се вели во соопштението.