Vesna Besiç
19 Јули 2016•Ажурирај: 20 Јули 2016
МОСКВА (АА) - Холи фестивалот, древен хинду фестивал познат како „Фестивал на бои", кој се прославува низ целиот свет, беше одбележан во руската престолнина Москва, јавува Anadolu Agency (AA).
Стотици млади луѓе се собраа преку социјалните мрежи во Москва да танцуваат, со насмевки и различни бои на лицата да го прослават Холи фестивалот.
Според традиционалното верување, овој празник ја одбележува конечната победа на доброто над злото. Русите со многу бои и танц го одбележаа фестивалот, кој почнува со горење на големи огнови, ноќта пред почетокот на фестивалот.
Во тоа им помагаат посебниот вид на прав во бои и вода кој таа боја брзо ја чистат. Прославата во Москва беше придружена со музика во живо, а учесниците имаа обоени лица како и костуми, па целиот простор околу нив поприми различна боја.