?kipa
06 Март 2018•Ажурирај: 07 Март 2018
АНКАРА (АА) - Од 20. јануари досега, во рамките на операцијата „Маслинова гранка“ што во подрачјето на Африн, северозападна Сирија, ја започнаа Вооружените сили на Турција (ТВС) и Слободната војска на Сирија, неутрализирани се вкупно 2.872 терористи, јавува Anadolu Agency (AA).
Претседателот на Турција Реџеп Таип Ердоган, во своето обраќање во Националниот културен и конгресен центар Бештепе во Анкарана на Симпозиумот по повод 150. годишнината од Врховниот суд и поставувањето на камен-темелник на новата зграда на Врховниот суд рече дека досега се неутрализирани 2.878 терористи.
Генералштабот на турската војска соопшти дека и денеска продолжуваат копнените и воздушните акции со цел неутрализирање на терористите на ПКК/КЏК/ПЈД-ЈПГ и ДЕАШ.
Вооружените сили на Турција (ТСК) и Слободната сириска војска ги ослободија селата Кирабат Шаранли, Шаранли и Ширкан, кои припаѓаат на подрачјето на Шаран.
Репортерот на АА од терен јавува дека со ослободувањето на споменатите три села од терористите на ЈПГ/ПКК и ДЕАШ ослободен е и центарот на градот Шаран.
Подрачјето на Африн, покрај истоимениот град, се состои од уште шест помали градови и тоа Раџу, Булбул, Шејх ал Хадид, Џиндерес, Шаран и Маабатли.
Во операцијата „Маслинова гранка“, која започна на 20 јануари, од терористите на ЈПГ/ПКК и ДЕАШ се ослободени 147 подрачја, меѓу кои и четири центри на градови.
Подрачјето на Африн, во северозападниот дел на Сирија, се граничи со турските области Хатај и Килис. Делот од границата во облик на полумесечина целосно е под контрола на Турските сили и Слободната сириска војска.
Заменик премиерот и портпаролот на турската влада, Бекир Боздаг, вчера изјави дека турските сили ослободиле речиси половина од територијата која во операцијата во Африн.
Операцијата е започната во согласност со турското право засновано на меѓународното право и резолуциите на Обединетите нации (ОН), особено на оние што се однесуваат на борбата против тероризмот 1624 (2005), 2170 (2014) и 2178 (2014).
Турција се повикува и на членот 51 од Договорот на ОН, односно на Правото за самоодбрана. Операцијата се спроведува со целосно почитување на територијалниот интегритет на Сирија.
Силите лојални на режимот на сирискиот претседател Башар ал Асад во јули 2012 година, без борба, на терористите од ПЈД/ПКК им ја препуштија контролата врз Африн, по што овој град стана еден од главните центри на терористичката организација.
ПЈД/ПКК е сириски огранок на терористичката организација ПКК, која се наоѓа на листата терористички групи во Турција, САД и Европската Унија (ЕУ). ПКК уште од средината на 1980-тите години води терористичка кампања против Турција.