Mehmet Tosun
07 Мај 2018•Ажурирај: 08 Мај 2018
АНКАРА (АА) - Вицепремиерот и портпарол на Владата на Република Турција, Бекир Боздаг, денес порача дека скандалозното барање на француските писатели и на некои политичари да се избришат одредени стихови (ајети) од Куранот претставува варварство, пренесува Anadolu Agency (AA).
„Поранешниот француски претседател - заколнатиот непријател на исламот, Саркози, со група од 300 писатели и политичари, со обвинувања дека „се шири непријателство кон Евреите“, побараа да бидат избришани одредени стихови (ајети) од Куранот.
Тоа се најголемите безумници на 21 век. Тоа се варвари и Ебу Џехели на овој век. Тие се западна верзија на ДЕАШ“, порача Боздаг.
Боздаг во порака на Твитер додаде дека да се соберат заедно Саркози и сите непријатели на исламот никогаш нема да можат да изменат ништо од Куранот, ниту некогаш би можеле да креираат нешто слично на некој од стиховите од Божјата објава.
„Многу Ебу Џехели, значително посилни и поопасни непријатели на исламот од Саркози, се обидоа да го уништат или фасификуваат, или пак, да исфрлат одредени стихови (ајети) од Куранот, но не успеаја. Сите тие исчезнаа, а Куранот и понатаму постои и ќе постои сè до Судниот ден“, порача Боздаг.
На 22 април во весникот „Le Parisien“ („Ле Парисиен“) беше објавен манифест за „отстранување на некои стихови (ајети) со оправдување дека се шират идеи за насилство и антисемитизам“, што го потпишаа 300 писатели и политичари.