Hakan Ceyhan Aydoğan
11 Април 2016•Ажурирај: 12 Април 2016
МОСКВА (АА) - Руските медиуми објавија дека во градот Ставропол кој се наоѓа во јужниот дел на земјата, тројца бомбаши-самоубијци извршија напад во близина на полицискa станица, јавува Anadolu Agency (AA).
Според веста од руските медиуми, тројца бомбаши-самоубици, обидувајќи се да влезат во полициската станица, ги активирале бомбите во близина на влезната врата, која се наоѓа во населбата Новоселитски.
Четвртиот напаѓач бил неутрализиран од страна на полицијата.
Агенцијата ТАСС јавува дека одговорните од министерството за внатрешни работи изјавиле дека освен бомбашите-самоубијци, нема други жртви или ранети.