Ekipa
22 Октомври 2018•Ажурирај: 23 Октомври 2018
ИСТАНБУЛ (АА) - Возило со регистарски таблички на саудискиот Конзулат во Истанбул е пронајдено на паркинг во подрачјето на истанбулската населба Султангази, јавува Anadolu Agency (AA).
о рамки на истрагата на истанбулското Главно јавно обвинителство, во врска со убиството на саудискиот новинар на „Вашингтон пост“, Џамал Кашоги, истанбулската полиција откри возило со дипломатски регистарски таблички (34 CC 1736) на саудискиот Конзулат на паркинг во истанбулската населба Султангази.
Полициските служби го обезбедија местото и ги затворија влезовите и излезите од паркингот.
Полициската дирекција во Истанбул поднесе барање до саудискиот Конзулат и до Јавното обвинителство за да спроведе испитувања на ова возило.