Ali Ballı
22 Октомври 2018•Ажурирај: 23 Октомври 2018
МУГЛА (АА) – Во трагедијата на бротчето во којашто две лица загинаа на отворени води кај крајбрежјето на Ѓумбет во подрачјето на Бодрум, Турција, сообраќаен полицаец со 7-годишно девојче на раце, кое за време на операциите за спасување беше забележано дека не дише, трчаше околу 100 метри за да го пренесе во амбулантно возило. Сообраќајниот полицаец заплака за време на масажата на срцето на девојчето од страна на здравствените работници, јавува Anadolu Agency (AA).
По известување на граѓаните кои ги слушнале повиците за помош на крајбрежјето на Ѓумбет, прв на местото на настанот стигнал Харун Киличоглу, сообраќаен полицаец, татко на две деца, кој работи во Бирото за регулирање на сообраќајот во Полициската станица во Бодрум. Неговите напори да го земе девојчето во раце и што побргу да стигне до екипата за брза помош беа поздравени од околината.

Во настанот придружен со многу емоции, Харун Киличоглу, трчајќи приближно 100 метри, ги вложи сите напори да го однесе девојчето да здравствените тимови.
На прашањата од лицата од околината, Киличоглу, одговораше со зборовите: „Чекајте една минута“ и продолжи да трча, викајќи: „Има ли медицинско лице? Да бидеме побрзи, нека дојде медицинско лице“. Тој со тоа се обиде да ја забрза интервенцијата.
Киличоглу кога стигна до возилото за брза помош остана без здив, а девојчето го предаде на еден граѓанин: „Побрзајте, побрзајте, да стигнеме што е можно побргу“.
Дописникот на АА, го следеше полицаецот Киличоглу постојано, и беше сведок на моментот кога полицаецот се расплака кога гледаше како здравствените работници ја прават реанимацијата на девојчето.
Сепак, и покрај напорите на медицинските тимови, девојчето не можеше да се спаси и почина во болница.