Ivana Ramadanova
18 Јули 2016•Ажурирај: 19 Јули 2016
СКОПЈЕ (АА) – Денес претставници од граѓанскиот сектор, пред резиденцијата на САД, за време на преговорите на политичките партии – потписнички на договорот од Пржино, уште еднаш побараа да бидат вклучени во преговорите, јавува Anadolu Agency (AA).
Според професорката Мирјана Најчевска, доколку партиите донесат каква било одлука што ќе биде на штета на граѓаните, граѓанскиот сектор ќе биде порадикален, но не и насилен.
„Она што го бараме е да учествуваме во процесот на донесување на она што ќе претставува преговарачки резултат, и да не заборават политичките партии дека во секој момент мораме да бидеме дел од процесот на одлучување. Доколку за нешто се договорат, а нам тоа не ни се допаѓа, ние малку ќе излеземе и ќе викаме. Доколку дојде нова власт и почне од првиот момент да работи против нашите интерси и потреби, граѓаните повторно ќе излезат на улица, меѓутоа многу посилно и пирадикално и многу помоќно затоа што веќе ги научивме лекциите“, вели Најчевска.
Тие потенцираа дека бараат да го надгледуваат процесот и да нудат алтернативни решенија, бидејќи како што велат, политиката не им припаѓа само на партиите, туку му припаѓа и на граѓанинот.
Пред резиденцијата на САД во Скопје, претставници од Шарената револуција со црн спреј испишаа: „Граѓаните ќе ја решат кризата!“.