Admir Fazlagic
13 Октомври 2016•Ажурирај: 13 Октомври 2016
СКОПЈЕ (АА) - Државниот завод за статистика соопшти дека во август годинава во Македонија се евидентирани 156.763 туристи кои оствариле 694.641 ноќевање, пренесува Anadolu Agency (AA).
Според податоците на Државниот завод за статистика, бројот на туристите во август годинава е намален за 7,2 отсто во споредба со истиот месец лани, додека бројот на ноќевањата е помал за 3,9 проценти. При тоа, бројот на домашните туристи е намален за 4,5, а на странските за 10,9 отсто. Домашните туристи оствариле за 0,7 отсто помалку ноќевања, а странските за 13,8 отсто.
Во првите осум месеци од годинава во Македонија се регистрирани 617.150 туристи што е зголемување во однос на минатата година за 4,1 отсто. Тие оствариле 1.929.279 ноќевање или за 1,8 проценти повеќе од стиот период минатата година.