Merve Yıldızalp
07 Декември 2017•Ажурирај: 07 Декември 2017
АТИНА (AA) - Претседателот на Република Турција Реџеп Таип Ердоган изрази надеж дека неговата денешна официјална посета на Грција ќе биде повод за напредок и јакнење на билатералната соработка, јавува Anadolu Agency (AA).
„Како претседател на Турција, желба ми е да не се замараме со празната половина на чашата, туку да гледаме во половината која е полна, и да ги јакнеме нашите односи", порача Ердоган којшто е првиот претседател на Турција кој по шест и пол децении допатува во официјална посета на Атина.