İlkay Güder
07 Декември 2017•Ажурирај: 07 Декември 2017
АТИНА (АА) - Претседателот на Република Турција Реџеп Таип Ердоган, кој е во официјална посета на Грција, беше пречекан со официјална церемонија од страна на својот грчки колега, Прокопис Павлопулос, јавува Anadolu Agency (AA).
Турскиот претседател беше пречекан со воени почести пред грчката претседателска палата.
По интонирање на химните на Турција и Грција, Ердоган и Павллопулос меѓусебно ги претставија своите делегавии, а потоа ракувајќи се се фотографираа пред камерите.
На церемонијата, претседателот Ердоган беше придружуван од страна на началникот на Генералштабот на Турција, Хулуси Акар, вицепремиерот Хакан Чавушоглу, министерот за ЕУ Омер Челик, минситерот за одбрана Абдулхамит Ѓул, министерот за внатрешни работи Сулејман Сојлу, министерот за економија Нихат Зејбекчи, како и министерот за енергетика и природни ресурси Берат Албајрак.