Barış Gündoğan
22 Јули 2016•Ажурирај: 23 Јули 2016
AНКАРА (АА) - Претседателот на Турција, Реџеп Таип Ердоган, по поточната молитва им се обрати на граѓаните: „Ги насочија авионите кон вас, тргнаа со тенкови, хеликоптери, но вие, како народна сила наспроти овие технолошки можности, успеавте да ја сопрете оваа технолошка моќ“, јавува Anadolu Agency (AA).
Претседателот на Турција, Ердоган, првата петочна молитва по обидот за пуч на терористичката организација Фетулаџи (ФЕТО), ја изврши во националната џамија „Бештепе“, која беше бомбардирана од авионите на пучистите.
По молитвата, претседателот Ердоган му порача на народот: „Знаете сѐ за 15 јули, вечерта кога беше извршена терористичка акција од страна на маскирани војници, предавници кои носеа војнички униформи. Од тој ден, до денеска помина една недела. Но вие го искажавте вашиот став. Како нација, ве повикав таа вечер од Мармарис, да зачекориме на плоштадите и од тој момент вие тргнавте кон плоштадите. Кон вас полетаа со авиони, хеликоптери, но вие, како народна сила наспроти овие технолошки можности, успеавте да ја сопрете таа технолошка моќ. Успеавте со вашата верба да застанете пред нив и да ги натерате да се повлечат, распрскувајќи се. Господ нека ве благослови“.
„Се надевам дека овој повик за чекорење ќе продолжи сѐ додека не го дадеме последното соопштение“, рече Ердоган и додаде:
„Ќе бидеме единствени, ќе бидеме големи, ќе бидеме цврсти, ќе бидеме браќа, сите заедно ќе бидеме Турција“, истакна претседателот на Турција Ердоган. - „Ние се поклонуваме само пред Господ“ На скандирањата на народот „Стои исправено, не покорувај се, оваа нација е со тебе“, турскиот претседател го истакна следното:
„Немојте воопшто да се грижите. Ние се поклонуваме само пред Господ. Нема да бидеме слуга на слугите. Слуга на слугите е оној што во Пенсилванија, бескарактерен тип кому не му е досадно оттаму да го навредува овој народ. На овие лица без почит, без срам, на овие бескарактерни типови, мојата нација со својот исправен став им го даде потребниот одговор. Оваа солидарност ќе продолжи, овој наш став ќе продолжи. Ви велам цврсто да ги држите редовите. Со божја дозвола нема да го распарчат мојот народ. Без сомневање, победата е на верниците. Немојте воопшто да се сомневате".
„На моите сограѓани кои го продолжија своето чекорење во 81 провинција, во цела Турција, во мое лично име и во име на нацијата им ја искажувам мојата благодарност. Оваа нација е возвишена нација, силна нација и таа тоа го покажа тука. Господ нека биде наша потпора и нека ни помогне. Стоиме исправено, не се опуштаме и само пред правдата се поклонуваме. Господ нека ни е напомош“, рече турскиот претседател Ердоган. Народот за време на говорот на претседателот Ердоган извикуваше слогани: „Бараме смртна казна“, „Ние сме војската, ти си командантот“.