Sinan Uslu
19 Декември 2016•Ажурирај: 19 Декември 2016
АНКАРА (AA) - Гласноговорникот на претседателот на Турција Ибрахим Калин вечерва во Анкара изјави дека претседателот на Турција Реџеп Таип Ердоган телефонски разговарал со претседателот на Русија Владимир Путин за оружениот напад на амбасадорот на Русија во Турција Андреј Карлов кој им подглегна на повредите, јавува Anadolu Agency (AA).
„Претседателот Ердоган телефонски го повика рускиот претседател Путин и го информираше за нападот", рече Калин.
Претседателот на парламентарниот Одбор за безбедност на руската Дума претходно изјави дека убиството на амбасадорот на Русија во Турија, Андреј Карлов во оружениот напад во Анкара нема негативно да влијае на односите помеѓу Турција и Русија.
Потсетуваме, оружен напаѓач кој денес во Анкара го изведе нападот на амбасадорот на Русија во Турција е неутрализиран во полициска операција која следуваше по оружениот напад. Карлов денеска е нападнат на изложбата на фотографии која ја отвори во Центарот на современа уметност во Анкара. Амбасадорот на Русија го нападна оружен напаѓач по отворањето на изложбата насловена „Русија во очите на патниците".