A. Eda Ünlü Özen
19 Декември 2016•Ажурирај: 20 Декември 2016
АНКАРА (АА) – Министерот за внатрешни работи на Турција, Сулејман Сојлу, вечерва во Анкара даде изјава во врска со убиството на амбасадорот на Русија во Анкара, Андреј Карлов, каде го објави идентитетот на извршителот на нападот,јавува Anadolu Agency (AA).
Министерот Сојлу изјави дека напаѓачот кој го уби амбасадорот на Руската Федерација во Турција е идентификуван како Мевлут Мерт Алтинтас, роден на 24 јуни 1994 година, припадник на специјалните единици при полициската управа во Анкара.
„Напаѓачот завршил Високо полициско училиште во Измир и околу две ипол години бил на должност при управата на полицијата во Анкара, како припадник на специјалните единици“, изјави Сојлу.
Тој изјави дека атентатот на рускиот амбасадор во Анкара е терористички акт насочен против односите на Турција и Русија.
„Се работи за голема провокација. Особено кога се зема в предвид дека односите на Турција и Русија се во подем. Во таков период подлиот и предавничкиот истрел во пријател кој ни беше пратен во доверба е всушност истрел на Турција. Овој подол терористички акт е всушност тоа“, изјави Сојлу.