Meltem Bulur
19 Декември 2016•Ажурирај: 20 Декември 2016
АНКАРА (АА) – Министерството за надворешни работи на Турција најостро го осуди терористичкиот напад на амбасадорот на Русија во Анкара, Андреј Карлов, кој им подлегна на повредите по нападот, јавува javlja Anadolu Agency (AA).
Порачаа дека случајот ќе биде испитуван до најситен детал и дека сите вмешани ќе одговараат пред лицето на правдата.
„Го осудуваме овој кукавички терористички напад. Сторителот на нападот е неутрализиран. Овој трагичен случај ќе биде испитан до најситен детал, а одговорните ќе бидат изведени пред лицето на правдата“, се наведува во соопштението.
На крајот се изразува длабоко жалење поради убиството на амбасадорот на Русија, Андреј Карлов, за време на изложбата на фотографии во Анкара.
Во соопштението се додава дека рускиот амбасадор предводеше многу успешни проекти изминатите години во Турција, и се наведува дека се работело за докажан и извонреден дипломат.
„Секогаш ќе живее споменот за него. Нема да дозволиме овој напад да го наруши пријателството помеѓу Турција и Русија. Во овој тежок ден, на рускиот народ и нивната држава упатуваме најискрено сочуство. Овој напад го покажа најгрдото и варварско лице на тероризмот. Турција заедно со Русија и сите други партнери одлучно ќе ги продолжи напорите во борбата против тероризмот“, се наведува во соопштението на Министерството за надворешни работи на Турција.