Meltem Bulur
29 Декември 2016•Ажурирај: 30 Декември 2016
АНКАРА (AA) - Од почетокот на војната во Сирија во 2011, досега Турција потроши околу 24 милијарди евра за Сиријците што ги згрижи. Наспроти ова, Европската Унија (ЕУ), која се обврза дека ќе ѝ додели 3 милијарди евра на Турција за сириските бегалци, досега ѝ исплати само 691 милион евра, јавува Anadolu Agency (AA).
ЕУ, која од една страна е неуспешна во управувањето со бегалската криза, од друга страна не ѝ ја даде потребната поддршка на Турција, која продолжува со напорите за справување со илегалната миграција и која зеде под заштита 3 милиони Сиријци.
Според информациите до кои дојде АА, на самитот ЕУ – Турција што се одржа во Брисел на 29. ноември 2015, беше утврдена програма за финансиска помош за бегалците во Турција (ФРИТ), за координација и финансирање на активностите што ги презема државата за привремена заштита на Сиријците на нејзино тло.

Беше утврдено буџетот на ФРИТ за 2016 – 2017 година да биде 3 милијарди евра, а притоа беше предвидено 1 милијарда евра да биде финансирана од буџетот на ЕУ, а пак остатокот од 2 милијарди евра да го обезбедат државите-членки на Унијата. Државите-членки на Унијата ги исполнија своите обврски.
Според податоците на ЕУ, досега за спроведување хуманитарни акции се распределени 2,2 милијарди евра. Од овие се изведени проекти во вредност од 1,45 милијарди евра, а од овој износ беше исполнета исплата од 691 милиони евра.
Меѓутоа, 310.400.000 евра од оваа сума се префрлени на Светската програма за прехрана, а 33 милиони 300.000 евра на Фондот за помош на деца при ОН.
Претседателот Реџеп Таип Ердоган беше изјавил дека вкупниот број на потрошени средства за сириските бегалци од граѓански организации и општини изнесува околу 24 милијарди евра. „Само државата има фактурирани трошоци кои изнесуваат 13 милијарди долари“, изјави претседателот Ердоган.