Ruslan Rehimov
29 Март 2021•Ажурирај: 30 Март 2021
БАКУ (АА) – Дваесет и седум азербејџански војници повредени во судирите во Нагорно Карабах ќе се лекуваат во Турција, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Во соопштението на „Фондот за издршка“ основан од Владата на Азербејџан за решавање на проблемите на семејствата на починатите и на повредените војници се истакнува дека земајќи ги предвид мислењата на азербејџанските лекари, процесот на лекување и рехабилитација на 27 повредени азербејџански војници ќе продолжи во Турција.
Во соопштението се додава: „Доколку има потреба Фондот и понатаму ќе ги испраќа повредените војници во странство на лекување.“
„Фондот за издршка“ претходно испрати 24 повредени војници на лекување во Турција.