Ali Bayaslan
11 Февруари 2017•Ажурирај: 12 Февруари 2017
ИСТАНБУЛ (AA) – Судот во Истнабул денеска одреди првитор на терористот на ДЕАШ Абдулгадир Машарипов, кој во половина на јануари оваа година е уапсен во истанбулскиот кварт Есенјурт поради сомнеж дека стои зад терористичкиот напад на клубот Реина во Истанбул, извршен во текот на новогодишната ноќ, јавува Anadolu Agency (AA).
Машарипов, над кој денеска е завршена криминалистичката обработка, изведен е пред истанбулскиот суд и одреден му е притвор.
Инаку, обвинителството бараше одредување на притвор и му го става на товар „обидот за нарушување на уставниот поредок", „членство во вооружена терористичка организација", „убиство на повеќе лица со намера" и други кривични дела.
Потсетуваме, во терористичкиот напад во новогодишната ноќ во истанбулскиот клуб Реина загинаа 39 лица, а неколку десетици се ранети.
Абдулгадир Машарипов, кој призна дека е член на терористичката организација ДЕАШ, беше и на потерниците во Узбекистан, од каде што потекнува.