Arif Yakıcı,Sefa Mutlu
11 Февруари 2017•Ажурирај: 12 Февруари 2017
ИСТАНБУЛ (AA) – Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган денеска изјави дека со уставните промени ќе се отвори пат за посилна и попросперитетна Турција, јавува Anadolu Agency (AA).
Ердоган говореше во Конгресниот центар Халич во Истанбул на отворањето на симпозиумот на тема „Промена на политичкиот систем во Турција и претседателски систем", кој го организираше Фондацијата за политика, економија и општествени истражувања (СЕТА).
„Со овие уставни промени ќе отвориме пат за посилна, појака и попросперитетна Турција. Овој систем не ми е потребен лично на мене, туку му е потребен на нашиот народ. Или, со други зборови, со моја лична помош и поддршка преминуваме на претседателски систем за иднина на овој народ. Секако, одговор на тоа ќе биде ‘да’ ”, рече Ердоган.
Додаде дека преминувањето на претседателскиот систем претставува најдобар пат до решавање на прашањата на опстанокот со кој со векови се бори Турција и турскиот народ.
Ердоган рече Турција во текот на периодот 1950 години, кога е воведен повеќепартиски систем, многу често се соочуваше со државните удари.
„Турција многу пропати од институциите кои имаа сила и овластувања, но не имаа никаква одговорност кон народот. Ако погледнете наназад, во оваа земја кога и да дошла власт која ја почитувала волјата на народот, тогаш доаѓало до одредени удари во оваа земја", порача Ердоган и додаде:
„Претседателскиот систем за кој денеска разговараме нема никаква врска ниту со режим ниту со еден човек."
Нагласи дека е целта врз основа на искуствата од минатото да се формира послилен, поотпорен систем на водење на државата, на основа на кој полесно ќе бидат остварени државните цели.
„Најголема гаранција на претседателскиот систем е во стварна смисла да остане демократски", рече Ердоган.
Претседателот на турската Висока изборна комисија Сади Ѓувен денеска официјално потврди дека референдумот за уставни промени во Турција ќе биде одржан на 16. април 2017 година.