Ivana Ramadanova
07 Август 2016•Ажурирај: 08 Август 2016
СКОПЈЕ (АА) - Во синоќешното невреме кое го зафати Скопје и регионот, загина 21 лице, од нив 20 се идентификувани и се предадени на семејствата, додека за едно лице се уште трае утврдувањето на идентитетот, јавува Anadolu Agency (AA).
Според последните информации од Министерството за внатрешни работи, загинатите се пронајдени во реонот на приградските населби Сингелиќ, Стајковци, Црешево и обиколницата кај Смилковци.
Од МВР информираат дека до 6 часот наутро во скопските болници побарале помош 22 лица, а потоа до 11 часот имало уште 56 повредени лица, од кои девет задржани, а останатите се пуштени дома.
Противпожарната бригада работи на испумпување на водата на критичните точки, а редуциран сообраќај има на дел од обиколница и во правецот од влез од населба Ченто кон Арачиново, додека во централното градско подрачје сообраќајот е нормализиран.