Feyza Süsal
10 Март 2016•Ажурирај: 11 Март 2016
АНКАРА (АА) - Турција нема да ги враќа бегалците кои веќе се наоѓаат на грчките острови, изјави турскиот министер за Европка унија Волкан Бозкир, јавува Anadolu Agency (AA).
Бозкир, во гостувањето во редовниот уреднички деск на АА, изјави дека Турција нема да ги враќа назад бегалците кои од нејзината територија преку морето стигнале до грчките острови, од каде по т.н балканска рута планираат да го продолжат патувањето кон земјите од Западна Европа.
Турскиот министер за ЕУ и главниот преговарач Волкан Бозкир, истакна дека поддршката во износ од три милијарди евра која ЕУ треба да ја испрати на Турција за помош на бегалците, ќе се користи според формулите на ЕУ и Светската банка, под надзор на постојаното претставништво на ЕУ во Турција.