Safvan Allahverdi
06 Јануари 2019•Ажурирај: 07 Јануари 2019
ВАШИНГТОН (АА) - Министерството за одбрана на Соединетите Американски Држави (Пентагон) објави дека раководителот на кадровската служба во ова министерство, Кевин Свини, поднел оставка, пренесува Anadolu Agency (AA).
Пентагон преку писмено соопштение информираше за оставката на Свини.
Без да се наведуваат причините за оставката, во соопштението се вели дека Свини, кој минатата година беше раководител на кадровската служба на поранешниот министер за одбрана на САД, Џим Матис, се префрлува во приватниот сектор.
Откако Матис повеќе не е министер за одбрана на САД, Свини е втора личност на висока функциија кој го напушта Пентагон, откако минатата недела од функцијата беше разрешена Дана Вајт, портпаролката на Пентагон, која подолг период беше предмет на административна истрага поради нејзиното лошо однесување кон персоналот.