Bedrudin Brlyavac
12 Март 2016•Ажурирај: 13 Март 2016
САРАЕВО (АА) - Кертис Скапароти кој во моментов командува со американските сили стационирани во Јужна Кореја, ќе го замени генерал Филип Бридлав на позицијата на врховен командант на НАТО, јавува Anadolu Agency (AA).
Американскиот претседател Барак Обама во петокот го именува генералот Скапароти на позицијата на Врховниот командант на сојузничките сили.
Пентагон потврди дека Скапароти на таа позиција ќе го замени генералот Филип Бридлав.
Неговото назначување треба да го потврди и Сенатот на САД.
Со богата војничка кариера до сега, меѓу другото, командувал со американските воени сили во операциите во Ирак, Авганистан, Руанда, Босна и Херцеговина и Либерија.
Северно-атлантската организација, со 28 земји-членки, го потврди назначувањето на генерал Кертис Скапароти од копнените сили на САД, како врховен командант на сојузничките сили во Европа.