Hasan Esen
18 декември 2015•Ажурирај: 20 декември 2015
БРИСЕЛ (АА) - НАТО денес го усвои планот на подрршка на одбраната на воздушниот простор на Турција, јавува Anadolu Agency (AA).
Според зборовите на неименуваниот функционер на НАТО, во рамките на планот на Турција ќе и бидат пратени повеќе извидувачки авиони “AWACS“ и ќе биде зголемена воздушната патрола.
Освен тоа, во источниот Медитеран ќе бидат пратени повеќе поморски сили и авиони за поморска контрола.
Во рамките на планот на подрршка на одбраната на воздушниот простор на Турција ќе бидат изведувани и заеднички вежби.
Додаде дека со ракетниот систем НАТО ќе продолжи да ја поддржува воздушната одбрана на Турција. Шпанија исто така на година дена го продолжи системот на воздушна одбрана на Турција.
Другите сојузници порачаа дека во рамките на билатерални односи ќе прата авиони со цел да ја поддржат воздушнаа одбрана на Турција.
Функционерот на НАТО за АА рече дека сето ова ја покажува силната посветеност на одбраната на Турција и напорите во регионот да се постигне стабилност