Fatih Erel
28 Јули 2016•Ажурирај: 29 Јули 2016
ЖЕНЕВА (АА) – Специјалниот претставник на Обединетите нации за Сирија, Стефан де Мистура ги повика Русија и САД да ги забрзаат меѓусебните разговори во врска со тоа да се обезбеди намалување на насилството во Сирија, јавува Anadolu Agency (AA)
Мистура, кој беше претседавач на состаноците на Меѓународната група за поддршка на Сирија, по состанокот на работната група на ОН за хуманитарен пристап организираше прес-конференција.
Де Мистура најави дека неговиот помошник ќе замине во Дамаск со цел да го направи планот за мировните средби со сирискиот режим, а тој самиот ќе замине во Техеран.
„Состојбата во Алепо е сериозна и загрижувачка. Има резерви од храна само за две или три недели. Ги повикуваме Русија и САД да ги забрзаат меѓусебните разговори во врска со тоа да се обезбеди намалување на насилството во Сирија“, рече Стaфан де Мистура, специјалниот претставник на ОН за Сирија.
Во врска со изјавата на Сергеј Шојгу, министерот за одбрана на Русија, дека ќе се формира коридор за евакуација на цивилите и вооружените групи, Де Мистура рече: „Изјавата што ќе ја дадам сега би била предвремена проценка. Ќе ја разгледаме темата бидејќи сѐ уште никој не се консултираше со нас. Воените претставници од Русија и од САД ќе дојдат во Женева за да разговараат за ставањето крај на насилството во Сирија“.