ВАШИНГТОН (АА) – „Ги поздравуваме турските сили и умерената сириска опозиција за нивното учество во операцијата за ослободувањето на народот на Дабик од притисокот на ДЕАШ“, изјави Питер Кук, портпаролот на Пентагон во врска со ослободувањето на градот Дабик, на северот од Сирија, од терористичката организација ДЕАШ, јавува Anadolu Agency (AA).
Питер Кук денешниот брифинг го започна истакнувајќи дека Дабик е исчистен од терористите на ДЕАШ.
„Умерената сириска опозиција којашто е поддржана од страна на Турција и зема учество во меѓународната коалиција во борбата против ДЕАШ, успеа да ослободи шест града, меѓу кои се наоѓа и Дабик“, соопшти Кук. „Ослободувањето на Дабик има симболичко значење. Неговото големо значење може да се забележи по тоа што списанието што врши пропаганда на терористичката организација го носи името на овој град. ДЕАШ својата варварска суровост ја прикажа и во Дабик, и од нивна страна беше кажано дека својата последна победа ќе ја прослават во тој град. Но се случи обратното, ДЕАШ беше поразен и го загуби Дабик“, изјави Кук.
Кук истакна дека се особено задоволни од координацијата на Турција и САД околу ослободувањето на Дабик и додаде: „Ги поздравуваме турските сили и умерената сириска опозиција за нивното учество во операцијата за ослободување на народот на Дабик од притисокот на ДЕАШ“.
Кук изјави дека се задоволни од бегството на членовите на ДЕАШ од Дабик и неговата околина. „Бегството ја покажува состојбата во Сирија и намалувањето на моќта на ДЕАШ“, процени Кук.
- Стејт департментот го изрази своето задоволство
Стејт департментот го изрази своето задоволство од ослободувањето на Дабик благодарение на Умерената сириска опозиција, град кој има симболичко значење за терористичката организација ДЕАШ.
Портпаролот на Стејт департментот, Марк Тонер, за време на дневниот брифинг на Министерството зборуваше за ослободувањето на Дабик од силите на ДЕАШ. „Ја поздравуваме веста дека нашиот сојузник Турција и Умерената сириска опозиција којашто е поддржана од страна на коалициските сили во борбата против ДЕАШ, го исчистија Дабик од ДЕАШ“, изјави Тонер.
Портпаролот Тонер изјави дека победата над ДЕАШ во Дабик не е само воена победа. „Истовремено тоа е и победа над перверзната идеологија на терористичката организација“, изјави Тонер.
Умерената сириска опозиција којашто е поддржана од страна на Турските вооружени сили, успеа од рацете на ДЕАШ да го ослободи Дабик и појасот околу Соран. За терористичката организација ДЕАШ, градот Дабик има симболично значење, бидејќи списанието преку коешто се шири пропагандата на организацијата го носи неговото име. Организацијата верува дека со војната што ќе започне во Дабик со „оние што не се муслимански сили“, ќе започне „Судниот ден“.
news_share_descriptionsubscription_contact
