Hatice Vildan Topaloğlu
31 декември 2015•Ажурирај: 01 јануари 2016
ДУБАИ (АА) - Според последните информации, најмалку 15 лица се повредени во пожарот кој вечерва го зафати 63-катниот хотел "Address" во Дубаи, јавува Anadolu Agency (AA).
Наводно дека пожарот избил на 20 кат од луксузниот хотел кој се наоѓа во близина на најголемиот облакодер на светот Бурј Калифа.
Помеѓу повредените се наоѓа и едно лице кое доживеало срцев удар за време на евакуацијата од хотелот. И покрај овој инцидент, во Дубаи е продолжена програмата на прославување на Новата година со атрактивни огномети.
Полицијата ги истражува причините кои го предизвикале пожарот.