Dildar Baykan
12 Ноември 2018•Ажурирај: 13 Ноември 2018
ЊУЈОРК (АА) - Западната американска сојузна држава Калифорнија се соочува со три големи шумски пожари кои зафатија цели градови, во кои бројот на загинати се зголеми на 31 лице, јавува Anadolu Agency (AA).
Шерифот на регијата Bат, Кори Хоне, соопшти дека посмртните останки на шест изгорени лица се пронајдени во изгорениот град Парадајс, со што бројот на смртно настраданите жртви во тој град е зголемен на 29.
Хоне истакна дека најмалку 228 лица се водат како исчезнати во тој град, кој се најде на патот на пожарот кој се протега во должина од 450 километри.
Над 7.000 објекти целосно изгореа во пожарот кој е забележан како најсмртоносен во историјата на Калифорнија.
Паралелно со тоа, два пожари и понатаму беснеат и на југот на Калифорниија, кај познатиот луксузен град Малибу.
Градот буквално е опколен од огнената стихија и наредена е евакуација на 300.000 локални жители од загрозеното подрачје.
Тамошниот шериф Џон Бенедист соопшти дека посмртните останки на две изгорени лица се пронајдени кај местото Малхоланд.
За размерите на пожарите кои беснеат во северниот и јужниот дел на Калифорнија најдобро сведочи и фотографијата која ја објави американската агенција НАСА, а станува збор за фотографија снимена од вселената на која се гледаат големи облаци чад над Калифорнија.