Mohamad Misto,Ayşe Sümeyra Aydoğdu
19 Ноември 2016•Ажурирај: 20 Ноември 2016
АЛЕПO (АА) - Поради жестоките воздушни напади кои веќе три дена не запираат во областа на сирискиот Алепо болниците во областите кои се под контрола на опозицијата не се во можност да обезбедат медицинска помош на голем број на ранети цивили, јавува Anadolu Agency (AA).
Како што е наведено од здравствени установи во Алепо, поради воздушните напади во изминатите 48 часа сите болници во источниот дел на Алепо престанале да работат.
Поради систематските жестоки воздушни напади на силите лојални на сирискиот претседател Башар ал-Асад, но и од руските авиони, болниците во делови на Алепо не се во можност да обезбедат помош на повредените лица.
Во нападите каде што главна цел се цивилите, се користат сите видови бомби со разорна моќ. Од наведените здравствени институции ги повика сите држави веднаш да ги прекинат воените злосторства во Алепо.
Вчера беше погодена и болницата Омер бин Абдул Азиз која беше последена болница која обезбедуваше медицинска помош во местата во источниот дел на Алепо.
Во воздушните напади во последните три дена, загинаа најмалку 150 цивили, а стотици беа повредени.
Околу 300.000 цивили во источниот дел на Алепо од 4 септември се окупирани од страна на режимските сили.