Mehmet Hatipoğlu
18 Јуни 2018•Ажурирај: 19 Јуни 2018
КОМОТИНИ (АА) - Пратеникот на екстремно-десничарската партијата „Златна Зора“ во грчкиот Парламент, Константинос Барбарусис, кој избега откако упати апел за државен удар во грчкиот парламент, е фатен и приведен од страна на полицијата, пренесува Anadolu Agency (AA).
Грчките медиуми соопштија дека Барбарусис, кој успеа да избега од полицајците кои дошле да го приведат откако упати апел до војската на Грција за државен удар во неговото обраќање во парламентот, е фатен во куќата на неговиот пријател во подрачјето на Пендели, во близина на Атина, од страна на тимовите за борба против тероризмот.
Барбарусис во своето обраќање во парламентот околу спорот со името меѓу Грција и Македонија, тврди дека договорот помеѓу двете земји има исто значење со „предавство кон татковината“. „Ја повикувам војската да ја исполни својата заклетва приведувајќи го премиерот Алексис Ципрас, министерот за одбрана Панос Каменос, како и претседателот Прокопис Павлопулос“, нагласи тој.
Овој говор на Барбарусис предизвика реакции, додека тој беше отстранет од парламентарната група на неговата партија.
Одлуката за приведување на Барбарусис е донесена од страна на Обвинителството во Атина, откако започна истрага под обвинение за предавство кон татковината поради неговиот говор во парламентот. Тој со службено возило избега од полицајците кои дојдоа во парламентот за да го приведат.