Elena Teslova
22 Ноември 2018•Ажурирај: 23 Ноември 2018
МОСКВА (АА) - Русија денес изјави дека Соединетите Американски Држави (САД) обучуваат милитанти во воената база „Ат Танф“ во југоисточна Сирија, јавува Anadolu Agency (AA).
Портпаролката на руското Министерство за надворешни работи, Мариа Захарова, изјави дека Москва е загрижена во врска со немањето волја од страна на САД да ги решат проблемите кои постојат околу „окупираната територија“.
„Голема воена база, која, според голем број докази подготвува милитанти, е формирана на суверена територија на земја членка на ОН, во стратешки важна област близу тромеѓето помеѓу Сирија, Ирак и Јордан, во близина на рутата која ги спојува Багдад и Дамаск“, изјави таа.
Според податокот објавен претходно од АА, околу 7.700 километри квадратни од регионот Ат Танф во близина на сириско-ирачката граница, во моментот се наоѓаат под контрола на опозицијата поддржана од САД.
На почетокот на септември коалицијата против ДЕАШ предводена од САД започна воени „игри“ во гарнизонот на „Ат Танф“, за кои велеше дека се вежби за усовршување на воените вештини за борба против тероризмот.
И покрај наведената цел на вежбите за борба против тероризмот, „Си-ен-ен“ (CNN) објави дека тие се всушност се директен одговор на руските воени закани.
Москва, наводно, испратила писмена белешка со предупредување до САД дека ќе спроведе прецизни напади врз милитантите околу подрачјето на Ат Танф, и покрај „зоната без судири“ од околу 55 километри околу базата.