Michael Hernandez
15 Февруари 2018•Ажурирај: 15 Февруари 2018
ВАШИНГТОН (АА) - Повеќемина ранети се третираат од повредите здобиени за време на пукањето во средното училиште „Стоунман Даглас“ во Парленд, во американската сојузна држава Флорида, пренесува Anadolu Agency (AA).
Локалните медиуми објавија дека можно е бројот на повредени да изнесува околу 20 лица.
Од канцеларијата на шерифот на Твитер беше напишано дека локалните претставници се наоѓаат на местото на настанот, и дека напаѓачот е на слобода.
Упатени се апели до жителите да го избегнуваат тоа подрачје.
На снимките од местото на настанот се гледаат учениците како излегуваат во мали групи од средното училиште, пред кое има големо присуство на полиција.
Во соопштението на Белата куќа се вели дека претседателот Доналд Трамп е запознаен со ситуацијата.
Претставничката во Конгресот од Флорида, Фредерика Вилсон, преку Твитер порача дека e тажно и срцепарателно што ваквите насилни инциденти продолжуваат да се случуваат во училиштата, каде што, како што напиша, децата треба да се чувствуваат и да бидат најбезбедни.