Sinan Uslu
14 Февруари 2018•Ажурирај: 15 Февруари 2018
БРИСЕЛ (АА) - Во Брисел денес започна дводневниот состанок на министрите за одбрана на земјите-членки на НАТО, јавува Anadolu Agency (AA).
На состанокот ќе се разговара за нуклеарното планирање, командната структура на НАТО и соработката на Алијансата со Европската Унија (ЕУ).
На маргините на состанокот во Брисел, одржан е и состанок на министрите за одбрана на Турција, Нуретин Џаникли, и министерот за одбрана на САД, Џим Матис.
Генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг, на вчерашната прес-конференција изјави дека за заедничката безбедност клучна е чесната поделба на товарот.
„По неколку години пад, од 2014 година забележавме три години раст во однос на трошоците за одбрана во Канада и меѓу европските сојузници. Само три сојузници во 2014 година трошеа два отсто од бруто домашниот производ (БДП) или повеќе на одбраната“, рече Столтенберг
Тој посочи дека оваа година се очекува осум земји-членки на НАТО да ја постигнат таа цел, апелирајќи на европските сојузници да вложуваат повеќе пари во одбраната.