Emre Gürkan Abay
31 Мај 2018•Ажурирај: 31 Мај 2018
МОСКВА (АА) - Министерот за надворешни работи на Русија, Сергеј Лавров, оствари средба со севернокорејскиот лидер, Ким Џонг Ун, пренесува Anadolu Agency (AA).
Во соопштението на руското Министерство за надворешни работи се наведува дека Лавров во главниот град на Северна Кореја, Пјонгјанг, се состанал со Ким Џонг Ун.
Се истакнува дека за време на средбата е разговарано околу соработката меѓу двете земји на 70-годишнината од воспоставувањето на дипломатските односи меѓу Русија и Северна Кореја.
Според соопштеното, страните размениле мислења околу последните случувања на Корејскиот Полуостров.
За време на средбата, која е прва официјална средба меѓу Русија и лидерот на Северна Кореја, Лавров го покани Ким во Русија.
Администрацијата на Пјонгјанг пред извесно време донесе одлука да се запре програмата за нуклеарни проектили на оваа земја, и да се затвори еден нуклеарен објект.
По оваа одлука, односите помеѓу Северна Кореја и Соединетите Американски Држави (САД) влегоа во процес на нормализација, но американскиот претседател Доналд Трамп, се откажа од планираната средба со севернокорејскиот лидер на 12 јуни во Сингапур.
Заменик-министерот за надворешни работи на Северна Кореја, Ким Кје Гван, соопшти дека и покрај тоа што Трамп го откажа самитот, тие се отворени за средба со САД.