Cuneyt Davut
03 Јуни 2016•Ажурирано: 03 Јуни 2016
СКОПЈЕ (АА) – Турскиот Вицепремиер, Нуман Куртулмуш, во рамките на својата посета на Скопје во резиденцијата на турската амбасада оствари средба со турскиот амбасадор во Македонија, Омур Шолендил, потоа присуствуваше на петочната молитва во Мустафа-Пашината џамија, а својата програма ја продолжи со посета на новиот Кампус на Меѓународниот балкански универзитет, јавува Anadolu Agency (AA).
По остварената средба со турскиот амбасадор во Македонија, Омур Шолендил, Вицепремиерот Куртулмуш, заедно со вернците присуствуваше на петочната молитва во Мустафа-Пашината џамија. По извршувањето на молитвата верниците присутни во џамијата покажаа голем интерес за Куртулмуш и разговараа со него и се фотографираа.
Потоа, турскиот Вицеремиер Куртулмуш го посети новиот Кампус на Меѓународниот балкански унверзитет, чија изградба е сè уште во тек. Од страна на претставниците на Универзитетот, Вицепремиерот беше информиран за изградбата и идните планови на Универзитетот.
Вечерва Куртулмуш ќе присуствува и на церемонијата на доделување дипломи на Меѓунарoдниот балкански универзитет, каде што ќе има свое обраќање.
Инаку, турскиот Вицепремиер Нуман Куртулмуш, придружуван од пратеникот на турската владејачка Партија за правда и развој (АК Партиja) од Истанбул, Хусеин Бурге, членовите на придружната делегација како и неговата сопруга, Севги Куртулмуш денес пристигна во Скопје на аеродромот Александар Велики пристигна со приватен авион каде што беше пречекан од страна на турскиот амбасадор во Македонија, Омур Шолендил, потсекретарот на турската амбасада во Скопје, Синан Ертај, министерот без ресор во Владата на Република Макеоднија, Фуркан Чако, ректорот на Меѓународниот Балкански универзитет, проф. д-р. Исмаил Коџајусуфоглу, координаторот на Турската агенција за соработка и координација (ТИКА) во Скопје, Теоман Тирјаки, Кенан Хасипи, претседателот на Турската демократска партија во Макеоднија (ТДП) и пратеник во Собранието на РМ, како и претставници на невладини организации и турски институции во земјата.