Merve Aydoğan
24 Септември 2018•Ажурирај: 25 Септември 2018
АНКАРА (АА) - „Најмалку 33 терористи на ПКК се неутрализирани во антитерористичките операции низ Турција во текот на изминатата недела“, се вели од Министерството за внатрешни работи, пренесува Anadolu Agency (AA).
Во соопштението на Министерството се истакнува дека Турските вооружени сили извршиле вкупно 2.425 копнени и воздушни операции во периодот од 17 до 24 септември.
Од Министерството се вели дека 20 терористи се неутрализирани, девет заробени, додека четворица им се предале на властите.
Безбедносните сили, исто така, уапсија 3.992 лица за кривични дела поврзани со дрога и шверцување и 67 лица за помагање на терористичките организации.
Вкупно 4.847 нелегални мигранти биле фатени за време на операциите.
Покрај тоа, безбедносните сили заплениле 12 рачни гранати, 392 килограми експлозивни хемикалии, седум импровизирани експлозивни направи, 19 парчиња догоцевно огнено оружје и 14.666 парчиња муниција.
Безбедносните сили, исто така, уништиле 14 терористички засолништа, вклучувајќи и неколку пештери низ шест области во Турција.
Во соопштението се вели и дека се запленети 753.096 килограми наркотици, 159.771 корени канабис, 39.285 таблети, 110.731 литри шверцувано гориво.
Во својата над 30-годишна терористичка кампања против Турција, ПКК, која се наоѓа на листата терористички организации во Турција, САД и ЕУ, е одговорна за смртта на околу 40.000 лица, вклучувајќи и жени и деца.