Ekip
28 Декември 2016•Ажурирај: 28 Декември 2016
АНКАРА (АА) - Турција и Русија се договорија околу предлогот на општиот план за прекин на огнот меѓу завојуваните страни на целата територија во Сирија, јавува Anadolu Agency (AA).
Според доверливи информации до кои дојде АА, по воспоставеното примирје во Алепо и евакуацијата на локалното население, Турција и Русија се договориле околу околу планот кој ќе им го предложат на завојуваните страни за востпоставување примирје на целата територија на Сирија.
Планот треба да биде спроведен на целата територија каде што војуваат силите на режимот на Башар ал Асад и странските прорежимски терористички групи против опозицијата.
Во рамките на договореното, Анкара и Москва ќе вложат напори планот за примирје меѓу завојуваните страни да започне оваа вечер, по полноќ.
Терористичките организации ќе бидат надвор од рамките на овој договор за прекин на огнот.
Доколку примирјето биде успешно, режимот и опозицијата, под раководство на Русија и Турција ќе ги започнат политичките преговори во Астана.
Двете земји ќе бидат гаранти за процесот на преговорите,а целта е да го дадат свој удел во рамките на одлуката број 2254 на Советот за безбедност на ОН, која предвидува период на политичка транзиција.