Mesut Varol
23 Август 2018•Ажурирај: 24 Август 2018
ВАН (АА) - Во акции во Ван, на истокот на Турција, неутрализирани се двајца припадници на терористичката организација ПКК, јавува Anadolu Agency (AA).
Од Канцеларијата на гувернерот е соопштено дека терористите, од кои една жена, биле неутрализирани додека подготвувале напад врз граѓаните на тој турски град.
Акцијата е изведена по дојавата дека терористите подготвуваат напад. Од Канцеларијата на гувернерот е наведено дека е запленет голем број документи и пропаганден материјал.
ПКК е сепаратистичка организација која се наоѓа на листата терористички организации во Турција, Европската Унија (ЕУ) и Соединетите Американски Држави (САД).
Во текот на тридецениската терористичка кампања против Турција, терористите на ПКК убија најмалку 40.000 луѓе.