Arife Yıldız Ünal
23 Август 2018•Ажурирај: 25 Август 2018
АНКАРА (АА) - Арифе Јилдиз Унал –
Генералниот директор на „Туркиш ерлајнс“ (THY), Билал Екси, изјави дека компанијата, следејќи ги светските трендови, во своите авиони ќе овозможи интернет-услуги.
Тој потсети дека на долгите летови во широкотрупните авиони THY веќе овозможуваат интернет-услуги и дека тукушто започнало пружањето на овие услуги и во теснотрупните авиони низ светот.
Екси во разговор за Anadolu Agency (AA) изјави дека е распишан тендер за пружање интернет-услуги во 150 теснотрупни авиони на THY, а резултатите ќе бидат познати во рок од еден месец.
Тој додаде дека интернетуслугите ќе бидат овозможени во сите авиони на THY, без оглед дали станува збор за теснотрупни или широкотрупни летала. Потсети дека интернет-услугите се пружаат на височина од над три илјади метри.
„Патникот сака да остане во контакт на телефонот. Резултатите од спроведеното истражување покажуваат дека за помладата популација е поголем приоритет од храна и пијалок. Ние, следејќи го овој тренд, ќе имаме големи инвестиции за да пружиме интернет-услуги во теснотрупните авиони. Додатно, наместо услуги на над 3.000 метри ќе преминеме на услуги интернет од врата на врата. Тоа значи, кога авионот ќе биде во push back позиција, ќе се поврзете на интернет. Ќе останете поврзани додека авионот не слета. А на мобилниот телефон е можете, при користење на авионски mode да бидете поврзани на Wi-Fi мрежа“, изјави Екси.
Тој се осврна и на услугите на новиот аеродром во Истанбул, истакнувајќи дека во lounge салоните на THY и понатаму ќе бидат овозможени бесплатни интернет-услуги.

Генералниот директор на „Туркиш ерлајнс“ потсети дека на екраните на седиштата во авионите на компанијата ќе може да се гледаат филмови и други содржини. Од неодамна е во функција системот за забава, развиен во соработка на THY и компанијата „Хавелсан“, кој е достапен во авионите во кои ги нема тие екрани.
Екси појасни дека апликацијата во функција е ставена пред речиси две недели и дека преку неа патникот има можност да се поврзе на wi-fi мрежа и на мобилниот телефон да гледа филм. Тој додаде дека системот е достапен во 41 авион и дека досега го користеле 22.000 патници.
Укажа и на тоа дека во авионот се достапни книги и весници, и ги повика особено младите да читаат и книги во мерка во која гледаат филмови. Екши додаде дека дел од новиот аеродром во Истанбул ќе биде отворен на 29 октомври, а THY ќе има 'lounge' салон кој ќе биде два до три пати поголем од оној на аеродромот „Ататурк“.
Екси изјави дека овие салони на аеродромот „Ататурк“ се поголеми од оние на другите аеродроми, а дека на новиот аеродром ќе постојат 'lounge' салони за летовите во и надвор од земјата.
Додатни услуги ќе бидат достапни на корисниците на бизнис-класа, верни и ВИП-клиенти, а познатиот 'lounge' салон значајно ќе придонесе за угледот на THY.
Екси потсети дека многу патници ги користат летовите со преноќување во Истанбул, како би имале можност да ги користат 'lounge' услугите на аеродромот „Ататурк“.
„Откако во функција ќе биде нашиот нов 'lounge' салон, тие ќе бидат наши постојани клиенти. Можеби така ќе почне туристичкиот тренд. Многу се познати пидеата достапни во lounge салоните за кој е задолжен Turkish DO&CO. Луѓето чекаат во редовите“, изјави Екси. Информираше дека на новиот аеродром ќе биде отворен музејски простор на кој ќе бидат изложени предмети од историска важност, но и простории за играње игри, шминкање и слично на тоа.
„На нашите патници ќе им биде достапно нешто ново“, додаде Екси истакнувајќи дека во тек се преговорите за гастрономската понуда во lounge салонот.
Појасни дека е развиен нов концепт на корпоративен имиџ на компанијата и дека тој ќе биде видлив на новиот аерофром и летовите.
Екси додаде дека во соработка со светски познатите компании подготвиле нови униформи за персоналот на авионите.