Faruk Zorlu
23 Август 2018•Ажурирај: 25 Август 2018
АНТАЛИЈА (АА) - Замок изграден во 13 век во подрачјето Аланија на медитеранскиот туристички град Анталија се стреми да заземе место на Листата на светско наследство на УНЕСКО, јавува Anadolu Agency (AA).
Замокот Аланија, опкружен со ѕидови долги 6 километри, во 2000 година беше споменат во првичната Листа на светско наследство на УНЕСКО.
Според информациите на веб-страницата на УНЕСКО, замокот Аланија бил изграден во 13 век од страна на Селџукот Султан Аладин Кејкубат, кој придонел многу во развојот на градот.
„Полуостровот Аланија, опкружен со градски ѕидини, за време на хеленистичкиот период бил наречен 'Каракесион' и бил под водство на Римјаните и Византијците, по што следуваа Селџуците“, пишува на веб-страницата на УНЕСКО.
На веб-страницата пишува дека на полуостровот се наоѓаат селџучка цистерна, византиска црква, палатата на султанот Кејкубат и урнатините на традиционалната урбана бања во ерата на Селџуците.
Деканот на Факултетот за ликовна уметност на Универзитетот „Акдениз“, Осман Еравсар, за АА изјави дека се во тек ископувањата на местото кои траат веќе 30 години наназад.
Според зборовите на Еравсар, погледот на замокот и самиот замок се фасцинантни.
Замокот месечно го посетуваат најмалку 140.000 лица.