Ecenur Çolak
16 Август 2017•Ажурирај: 17 Август 2017
АНКАРА (АА) - Министерот за надворешни работи на Република Турција, Мевлут Чавушоглу, изјави дека во медиумите се појавиле информации дека еден од блиските соработници на Фетула Ѓулен се наоѓа во Германија, и дека Турција во врска со тоа испратила нота до Германија, доколку е тоа точно, итно да го уапси и да го испорача на Турција, јавува Anadolu Agency (AA).
„Во медиумите се појавија наводи дека бегалецот од терористичката организација ФЕТО, Адил Оксуз, се наоѓа во Германија, како и тоа каде точно престојува. Министерството за надворешни работи упати службена нота до Германија. Доколку ова е точно, побаравме веднаш да го пронајдат, уапсат и да го испорачаат на Република Турција“, рече Чавушоглу.
Адил Оксуз е едно од клучните имиња во неуспешниот обид на ФЕТО за државен удар во Турција на 15 јули минатата година, познат како „имам на ФЕТО во воздухопловните сили“. Се смета за десна рака Фетула Ѓулен и втор човек во терористичката организација.

Тој непосредно по неуспешниот обид за пуч е приведен, но е ослободен откако изјави дека во воздухопловната база се нашол случајно, бидејќи бил во разгледување на околината.
Оксуз беше професор на Факултетот за исламски науки на Универзитетот Сакарја. Американскиот весник "USA Today", објави дека Оксуз пред две години преку своја фиктивна фирма, која што ја отворил во 2010 година, донирал пари во рамките на кампањата "Ready for Hillary PAC".