Alma Çekovic
29 Јануари 2018•Ажурирај: 29 Јануари 2018
ЗАГРЕБ (АА) - Ракометната репрезентација на Шпанија е новиот европски шампион во ракомет, откако во финалниот натпревар во загрепската „Арена“ ја победи екипата на Шведска, јавува Anadolu Agency (AA).
Со вечерашната финална средба заврши 13. Европско првенство во ракомет, а првото европско злато во историјата Шпанците го постигнаа со резултат 29:23.
По изедначениот почеток на натпреварот, Швеѓаните во еден момент се оддалечија со три гола предност. Првото полувреме од финалето заврши со два гола предност, најмногу благодарение на голманот Микаел Апелгрен, кој во првата половина имаше 11 одбрани од 23 удари.
Шпанија со два брзи гола потоа се врати во игра. Швеѓаните беа без идеи и во 11. минута од второто полувреме постигнаа само еден гол, што Шпанците го казнија.
До крајот на мечот предноста на Шпанија растеше и на крајот славеше убедлива победа.
Најефикасен за Шпанија беше Балагер со шест гола, додека Нилсен за Шведска постигна пет гола.
И покрај поразот, Шведска останува најуспешната репрезентација на европските првенства со четири титули.
Шведска се избори до финалето со победата над Данска во полуфиналето, додека Шпанците ги изненадија Французите, кои во денешното полуфинале ја победија Данска и така ја освоија бронзата.