Vesna Besiç
27 Април 2016•Ажурирај: 27 Април 2016
ЗАГРЕБ (АА) - Турција и припаѓа на Европа во бизнис, културна и просторна смисла, порача претседателката на Република Хрватска , Колинда Грабар-Китаровиќ во своето обраќање на Хрватско турскиот бизнис форум во Загреб, јавува Anadolu Agency (AA).
Таа изјави дека и претставува задоволство што има прилика да го поздрави големиот собир со голем број на компании и претприемачи.
„Овој број, на компанијата и покажува дека интересот за соработка е голем и тоа ме радува многу. Ваков голем собир на стопанственици сам по себе сведочи за добрите односи и блиската соработка помеѓу нашите држави”, истакна Грабар-Китаровиќ.
Со посетата на турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган во Хрватска, како нагласи Грабар Китаровиќ, односите меѓу двете земји добија уште по квалитетни основи.
„Односите на Хрватска и Турција се пријателски и различни. Хрватска го уважува значењето на Турција и нејзината важна посредничка улога меѓу различните култури и земји во различни региони, европскиот југоисток, Блискиот исток, Средна Азија.... Ја цениме улогата на Турција во различни регионални процеси и иницијативи. Ја поздравуваме посветеноста на Турција на европските интеграции. Турција и припаѓа на Европа во бизнис, културна и просторна смисла. Помеѓу Хрватска и Турција нема отворени прашања”, порача претседателката на Хрватска отварајќи го собирот на кој присуствуваа десетици турски и хрватски бизнисмени.
Како посебно важно ја нагласи заедничката желба на претставниците на двете држави за соработка на сите подрачја а посебно во подрачјето на стопанството.
„Нашите стопански односи се одвиваат успешно во целост. Трговијата за 2015 е зголемена, остварени се значајни турски инвестиции во хрватското стопанство, повторно расте бројот на турските туристи во Хрватска. Меѓутоа, уште многу можеме да направиме со цел економската соработка да стане подобра и поразвиена" , изјави хрватската претседателка Колинда Грабар-Кираровиќ.
Таа во оваа прилика ги повика сите компании кои досега не ги препознале потенцијалите на двете земји, да го направат тоа.
„Можностите за соработка постојат во многу подрачја, од туризам и земјоделство преку енергетика и банкарство до модери технологии, дигитално стопанство ... " , порача Грабар-Китaровиќ.
Претседателот на Турција, Реџеп Таип Ердоган вчера допатува во официјална посета на Хрватска каде што се состана со наголемите претставници на таа земја. Со турскиот претседател во Хрватска, допатуваа и шест министери и околу 90 бизнисмени заинтересирани за соработка со хрватските бизнисмени. Причината за доаѓање на турскиот претседател во Загреб е и одбележување на 100-годишнина од институционално признание на исламот во Хрватска.