Övünç Kutlu
03 Ноември 2017•Ажурирај: 04 Ноември 2017
ВАШИНГТОН/МОСКВА (AA) - Најголемата американска компјутерска компанија Apple денеска во продажба го пушти најновиот модел на паметен телефон iPhoneX, што во многу земји утрово доведе до формирање долги редици пред продажните места на „Apple Store", јавува Anadolu Agency (AA).
Фоторепортерот на АА во Вашингтон забележа бројни љубители на паметните телефони на „Apple" додека чекаат во ред за новиот „iPhoneX", пред „Apple Store" во Џорџтаун, во Вашингтон.
Во однос на тоа дека се работи за долгоочекуван паметен телефон, можеше да се примети и на улиците на главниот град на Русија, каде беа голем број граѓани, и покрај ниската температура, ноќта ја поминаа пред продавниците на „Apple".
„Apple" во период помеѓу јули и септември оваа година, во однос на истиот период минатата година, ја зголеми заработката за 12,2 отсто, а изнесуваше 52,58 милијарди долари. Од компанијата е наведено дека 62 отсто од вкупната заработка е остварено од продажба на производи во странство.
Аналитичарите предвидуваат дека вредноста на акциите на компанијата „Apple" би можеле да растат уште, а моменталната пазарна вредност на оваа компанија надминува 900 милијарди долари.
„Apple" забележа значаен пораст кога е во прашање продажба на паметни телефони „iPhone", таблети„ iPad", како и компјутери „Mac". Продажбата на паметните телефони е зголемена за 2,5 отсто, а вкупната заработувачка изнесуваше 46,67 милиони долари. Кога станува збор за таблети и компјутери кај двата производи продажбата порасна за повеќе од 10 отсто.