Servet Günerigök
11 Април 2022•Ажурирај: 12 Април 2022
ВАШИНГТОН (АА) - Илон Маск одлучи да не се приклучи на Oдборот на директори на Твитер, соопшти извршниот директор на платформата за социјални медиуми, пренесува Агенција Анадолија (АА).
„Назначувањето на Илон во Одборот требаше да стане официјално на 9 април, но Илон истото утро сподели дека не сака да се приклучи на Одборот. Јас верувам дека ова е најдоброто“, напиша Параг Арагвал на Твитер.
Одборот му понуди место на Маск.
Во вторникот, Арагвал соопшти дека основачот на производителот на електрични автомобили „Тесла“ и компанијата за истражување на вселената „Спејс екс“ ќе биде дел Одборот.
Маск купи 9,2 проценти од акциите на Твитер, станувајќи најголемиот инвеститор на платформата за социјални мрежи.
„Ние секогаш сме ги вреднувале и ќе го вреднуваме придонесот на нашите акционери, биле тие во Одборот или не. Илон е нашиот најголем акционер и ние ќе останеме отворени за неговиот придонес“, рече Арагвал.
Не е дадена причината за одлуката.