Aida Cako
10 Март 2025•Ажурирај: 11 Март 2025
АНТАРКТИК (АА) - Генералната дирекција за картографија при Министерството за национална одбрана на Туркије и Канцеларијата за навигација, хидрографија и океанографија при Турските поморски сили учествуваат во 9. Национална антарктичка научна експедиција, каде што спроведуваат мерења на копно и во море, јавува Анадолу.
Продолжувајќи ја традицијата во областа на картографијата, следејќи ги стапките на прочуениот османлиски адмирал и картограф Пири Реис, Генералната дирекција за картографија воспоставува нови мерни станици за кампањски истражувања.
Користејќи податоци собрани од терестрички геодетски точки, експертите ја следат и проценуваат тектонската активност во регионот.
Во исто време Канцеларијата за навигација, хидрографија и океанографија на Турските поморски сили првпат создава нови батиметриски карти во Галскиот Залив на островoт Потковица.
Собраните податоци даваат вреден увид во морската структура на ова подрачје, придонесувајќи за пошироките истражувања во областа на океанографијата и геодинамиката.