Övünç Kutlu
11 Септември 2021•Ажурирај: 12 Септември 2021
ЊУЈОРК
Американскиот универзитет Харвард одлучи да ги прекине инвестициите во фосилните горива по речиси десетина години критики од страна на студентите и факултетите, известува Агенција Анадолија (АА).
„Харвард менаџмент компани“ (Harvard Management Company), која управува со донациите на универзитетот, со седиште во Масачусетс, ја намали својата посветеност кон фосилните горива“, соопшти Лери Бекау, претседателот на компанија.
Тој истакна дека „Харвард менаџмент компани“ има наследени инвестиции како ограничен партнер во голем број фондови од приватен капитал со удел во индустријата на фосилни горива.
„Овие индиректни инвестиции претставуваат помалку од 2 отсто донациите, а бројките го следат трендот на намалување“, истакна Бекау.
Напоменувајќи дека „Харвард менаџмент компани“ (ХМК) не презема нови обврски од 2019 година, Бекау рече дека ХМК не планира да вложува во таа област ниту во иднина.
Донациите на Универзитетот Харвард се проценуваат на околу 41,9 милијарди долари заклучно со јуни 2020 година и е најголема академска донација во светот.
Универзитеот претходно оваа недела го именуваше првиот заменик проректор за клима и одржливост, со цел да се забрзаат и координираат истражувањата и образованието за климатските промени.
„Харвард коорпорејшн“ (Harvard Corporation), најголемото раководно тело на универзитетот, исто така во април 2020 година упати барање до ХМК да развие план за постигнување на нулта емисија на стакленички гасови до 2050 година.
„Никој од нас нема да биде поштеден од реалноста на климатските промени, што значи дека во ова сме сите заедно. Мораме да пронајдеме начин да работиме рамо до рамо, со цел да имаме надеж во промената на однесувањето, усвојувањето на политиката и декарбонизација на економијата“, порача Бекау.